Пластична кеса полна со стуткани фискални сметки

Крај на кесата со сметки.

Клиентите ги фотографираат сметките истиот ден. Kontix ги чита, предлага конто и го прави Excel налогот за вашата програма. Вашиот тим само одобрува.

30 дена гаранција за враќање на парите.

Секоја сметка, рачно во Excel. Сметки од неколку месеци, избледени и стуткани. Тимот ги препишува една по една, наместо да работи сметководство.

  1. Сметката стигнува истиот ден. Клиентот ја фотографира со телефон во апликацијата Kontix. Нема чекање со месеци, нема избледени сметки.
  2. AI ја чита и предлага конто. Добавувач, ЕДБ, датум, износ и ДДВ. Контото го предлага според дејноста на клиентот и според тоа што сте одобриле претходно.
  3. Вашиот тим само одобрува. Точните сметки ги одобрувате со еден клик. Каде што AI не е сигурен, ви кажува, а одлуката е ваша.
  4. Налогот е готов. Еден клик до Excel налог по образецот на месечниот налог за книжење, подготвен за вашата програма. Без препишување.

Повеќе клиенти. Ист тим.

Часовите што одеа на препишување сметки сега одат на нови клиенти и на работа за која навистина ви требаат сметководители.

Kontix учи од вашите одлуки.

Kontix памети кое конто го одобрувате за секој клиент. Следниот пат истата сметка доаѓа со вашиот избор.

  1. 4032 Гориво за возила

    Предлог.

    Kontix предлага конто според дејноста на клиентот.

  2. Ваша одлука.

    Вие го потврдувате или го менувате.

  3. 4032 Запомнето за овој клиент

    Запомнето.

    Следниот пат истата сметка за тој клиент доаѓа со вашиот избор.

Направено со македонско биро.

Идејата за Kontix дојде од сметководствено биро кое беше уморно од кеси со сметки. Го градиме заедно со нив, месец по месец.

Kontix не е за секого.

  • Ако имате само неколку клиенти со по неколку сметки месечно, рачниот внес е доволно брз.
  • Ако сакате книжење без човечка проверка. Kontix предлага, сметководителот одлучува.

Едноставни цени.

Со годишно плаќање, 2 месеци се бесплатни.

Сите пакети: неограничен број клиенти и вработени, AI предлог за конто, Excel налог, апликација за телефон. Над лимитот: 0,05 € по сметка. 30 дена гаранција за враќање на парите. Без договор, откажувате кога сакате.

Прашања.

Што ако AI погреши?

Ништо не влегува во налогот без одобрување од сметководител. Предлозите ги менувате со еден клик, а Kontix ја памети вашата одлука за тој клиент.

Дали клиентите навистина ќе ја користат апликацијата?

Се инсталира на телефон директно од прелистувач, без продавница. Клиентот само фотографира. Ако некој сепак донесе кеса, вашиот тим ги качува сметките во Kontix сам.

Што е со странските сметки?

Kontix ги преведува и ги пресметува во денари по курсот на НБРМ на денот на сметката.

Кој ги гледа документите?

Секој клиент ги гледа само своите сметки. Вашиот тим ги гледа клиентите на вашето биро. Оригиналите се чуваат приватно.

Како изгледа налогот?

Excel со колоните на месечниот налог за книжење, по клиент и месец, подготвен за увоз во вашата програма.

Што ако Kontix не ни одговара?

Имате 30 дена гаранција. Ако во првите 30 дена одлучите дека Kontix не е за вас, ви ги враќаме парите.

Следниот месец без кеса.

Закажете краток состанок. Ќе ви покажеме Kontix на сметките на вашите клиенти и ќе ви кажеме дали ви одговара.